21.04.2022

Турскиот прволигаш во чиј стручен штаб е македонскот тренер Мирко Петрески, се погрижи за второто големо изненадување во Еврокупот.

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Димитријевиќ со Валенсија, и Петрески со Бурсаспор се во четвртфиналето на Еврокупот!

Ненад Димитријевиќ со Валенсија, и Мирко Петрески со Бурсаспор ќе играат во четвртфиналето од Еврокупот, откако нивните екипи имаа успешни настапи во првиот елиминациски круг од второто според квалитет, европско клупско натпреварување.

По неколку недели пауза од здравствени причини, македонскиот репрезентативец се врати во составот на Валенсија, а шпанскиот прволигаш без поголеми проблеми обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Еврокупот.

На домашен терен, „портокаловите“ го победија германскиот Хамбург со (98:80) и влего во првата „осумка“. Димитријевиќ помина десет минути на теренот, не постигна поен, но оствари две асистенции. Во четвртфиналето, Валенсија ќе игра против францускиот претставник Левалоа кој беше подобар од Венеција со 87-66.

*Турскиот прволигаш Бурсаспор, во чиј стручен штаб е македонскиот тренер Мирко Петрески, се погрижи за второто големо изненадување во Еврокупот.

Бурсаспор го победи Партизан пред повеќе од 19 илјади гледачи во белградска Арена со 103:95 по продолжение и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Еврокупот. За место во полуфиналето ќе играат потив уште еден АБА лигаш, екипата на Цедевита Олимпија, која веќе елиминираше еден претставник на Турција – Турк Телеком