10.05.2022

Со 14. поени и 9. скока од нашиот репрезентативец, екипата од Севиља со победа против Гран Канарија (93:86), го обезбеди опстанокот

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Џејкоб Вајли помогна многу за Реал Бетис да остане во АЦБ лигата

Реал Бетис и во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од шпанската „Ендеса“ лига.  „Зелено-белите“ од Севиља стигнаа и до четврттата победа во последните пет кола од најсилната лига во Европа, за нив 12, во 33. одиграни мечеви. Се чини и најважната затоа што успеаја во обидите да обезбедат скор кој им е гаранција за место во друштвото на најдобрите екипи во шпанската елитна дивизија.

Во натпреварот кој за нив беше да се биде или не, беа подобри од фаворитот, Гран Канарија. Стигнаа до победа од (93:86), со едно одлично издание на нашиот репрезентативец.

Максимално ги одработи големиот професионалец оние 18.минути во игра. Беше на чекор до дабл-дабл ефект, реализираше 14. поени (5/7 за два и 4/4 за еден поен) на кои додаде и девет скокови, и по една освоена односно загубена топка.

Оваа победа го постави Реал Бетис на 13.место на табелата, и надвор од опасната зона во која се уште четири екипи, додека Сан Пабло Бургос е скоро извесно, нов второлигаш.

*Во ова 33. коло победа славеше и екипата на Валенсија. Очекувано беа подобри од „фенерџијата“ во лигата, Сан Пабло Бургос со сигурни (84:70).

А Ненад Димитријевиќ одигра нецели 14. минути на оваа средба. Стигна до ефект од девет поени (1/2 за три, 3/6 за два поени), и една асистенција.

За тимот од Валенсија ова е 22. победа во 33.одиграни мечеви, и пред последното коло „портокаловите“ се на третата позиција на табелата. За да останат на истата, во последниот круг од регуларниот дел треба да бидта подобри од екипата на Обрадоиро на гостински паркет.