31.01.2023

Репрезентативниот двоец имаше успешен викенд со своите екипи во натпреварувањата во кои учествуваат

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Добар викенд за Магдевски и Мекиќ

Добар викенд е зад репрезентативниот двоец Андреј Магдевски и Адем Мекиќ. Довчерашните играчи во МЗТ Скопје Аеродром покажаа дека се во добра форма, а нивните екипи забележаа победи.

Магдевски и Донар дојдоа до петтата победа во низа со што екипата од Гронинген се искачи на четвртата позиција на табелата.

Во ова коло од BNXT лигата славеше против директниот конкурент за пласман во следната фаза Јоаст со 78-68. Магдевски одигра добро на двата краја од теренот. За 23 минути во игра, постигна девет поени, шест скока и четири асистенции.

Мекиќ со Темишвар славеше на домашен терен против Галати со минимални (79:77). И како второпласиран тим во групата „Б“ обезбеди пласман во следната фаза од романското првенство. Нашиот кошаркар за помалку од 13 минути во игра постигна десет поени.

Напиот репрезентативец само еднаш не беше двоцифрен на четирите одиграни натпревари на кои има просек од скоро 11 поени.