05.02.2022

Силното крило на нашиот национален тим дебитираше со победа во дресот на Реал Бетис против Рио Бреоган (84:81)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Дојде Вајли, се вратија победите во Севиља

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли вечерва го одигра првиот натпревар во дресот на Бетис, а тимот од Севиља веднаш направи мало изненадување во АЦБ лигата.

На домашен терен, популарните „вердибланко“ го совладаа тимот на Рио Бреоган со резултат (84:81) и направија важен чекор кон опстанокот во АЦБ лигата.

Џејкоб Вајли помина на теренот речиси 20 минути и за тој период постигна четири поени, еден скок и две асистенции.