Андреј Јакимовски и неговиот Универзитет Вашингтон Стејт, не успеаја да се пробијат во следната рунда од завршниот турнир од PAC-12 Дивизијата кој оваа недела се игра во Лас Вегас.
Во четвртфиналето, беа запрени од вториот носител на турнирот, екипата на УКЛА, славеа популарните Бруинс со (75:65). По заслуга на далеку подобро одиграната прва четвртина која ја добија во своја корист со (40:28).
А Андреј Јакимовски беша најефикасниот играч кај Кугарс. Нашиот млад репрезентативец реализираше 15.поени, со одлична реализација во путот од поле (3/5 за три и 2/3 за два поени, и стонастотни 2/2 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа крилото на Вашингтон Стејт имаше и четири скока и една загубена топка за 27.минути поминати на теренот.
Недоволно како седми носители, за прв пат од 2011 година да се пробијат во полуфиналето на турнирот во Лас Вегас.