31.01.2022

Македонскиот репрезентативец продолжи со одличните игри во дресот на Вашингтон Стејт.

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Јакимовски направи дабл-дабл против Колорадо

Трет натпревар по ред, Андреј Јакимовски е со двоцифрен поентерски ефект. Но ноќеска стигна и до вториот дабл-дабл оваа сезона. Во триумфот на неговиот тим против Колорадо (70:43), Јакимовски помина 31 минута на теренот. И беше единствен играч со дабл-дабл ефект кај Вашингтон Стејт. Нашиот млад репрезентативец постигна 14 поени (4/8 во шутот за три поени), а имаше и 10 скока.

Тоа е трета победа во низа за „Кугарс“ и со него се искачи на петтата позиција на табелата во Пацифик 12 дизивијата, а следниот натпревар на ВСУ е на 4. февруари, против Станфорд, директен ривал за четвртата позиција на табелата во дивизијата.