10.03.2022

На средбата со Калифорнија која ја добија со (66:59), нашиот млад репрезентативец оствари десет скока, најмногу во тимот

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Јакимовски прв скокач кај „Кугарс“ на почетокот на турнирот во Лас Вегас

Кошаркарите на Вашингтон Стејт стигнаа до уште една победа во НЦАА лигата. Доцна синоќа беа подобри од екипата на Калифорнија Голден Беарс со резултат (66.59).

Нашиот млад репрезентативец немаше ефикасна вечер, но затоа пак во трекот на играта му се подреди на колективот. За 32. минути во игра, запиша само два поени, но затоа пак имаше десет скока, најмногу во екипата-победник. Освен тоа Јакимовски оствари и една асистенција и освоена топка во новиот успех на популарните „Кугарс“ кои на тој начин го отворија финалниот турнир на PAC-12 конференцијата во Лас Вегас

Утре вечер Вашингтон Стејт ќе го игра вториот меч на конференцискиот завршен турнир, односно четвртфиналето, каде за противник го имаат Универзитетот УКЛА, второрангиран во овој сегмент на НЦАА лигата.