09.01.2022

Вашингтон Стејт ја оствари деветтата победа во сезоната откако триумфираше на гостински терен, против Јута Јутс, со сигурни (77:61).

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Јакимовски расположен за давање тројки

Иако не беше стартер, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра 31 минута, и за тоа време, нашиот кошаркар постигна 10 поени (3/5 за три, 1/2 од линијата за слободни фрлања), а имаше уште и седум скока и две освоени топки.

По 15. одиграни натпревари оваа сезона, Вашингтон Стејт се наоѓа на шестата позиција во Пацифик 12 дивизијата.