Андреј Јакимовски го одигра најдобриот натпревар оваа сезона. Уи ИЗВЕСНО, Македонскиот репрезентативец беше и најзаслужен за третата победа во низа, а четврта во последните пет натпревари на Вашингтон Стејт Универзитетот.
Популарните „Кугарс“ го совладаа Станфорд со (60:59), по голема заслуга на на нашиот кошаркар. За 31 минута на теренот, Јакимовски постигна 17 поени што е негов најдобар ефект оваа сезона, а остана „пократок“за два поена од личниот рекорд во НЦАА. Погоди пет тројки од шест шута и додаде уште два скока и две асистенции.
Подемот во формата на ВСУ се поклопи со враќањето во тимот на Јакимовски кој пропушти речиси два месеца поради повреда на ногата.
*Андреј Магдевски и неговиот нов клуб, холандскиот Донар, стигнаа до уште една победа во новата календарска година. Во 15.коло од BNXT лигата, екипата од Гронинген на гостински терен славеше убедлива победа прротив Бал Веет (78:52).
Македонскиот репрезентативен бек реализираше шест поени (3/4 во обидите за два поени. А за 18.минути во игра додаде и по три скока и три асистенции, и по една блокада, односно загубена топка.
*Ти-Џеј Шортс не го погоди обидот вреден продолжение од пет минути во големото дерби на Бундеслигата одиграно во Берлин. Остана краток нашиот репрезентативец во последниот напад на оваа средба во „Мерцедес бенз“ арената во која на крајот домашната Алба однесе триумф (81:76) во дербито на колото против Телеком Бон и остана сам на првото место на табелата.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше убедливо најдобар поединец на натпреварот. Шортс постигна 30 поени и имаше уште четири скока за помалку од 33 минути поминати на теренот.
*Овој викенд, беше и првиот „работен“ за Адем Мекиќ. Македонскиот репрезентативец го одигра својот прв натпревар во дресот на новиот клуб-Темишвар.
Екипата од Темишвар загуби на гостувањето во Букурешт, кај Динамо со (71:77), што е трет пораз во низа.
Иако во улога на дебитант, Мекиќ помина на теренот повеќе од 26 минути и за тој период постигна девет поени, а имаше и три успешни додавања, односно два скока за тоа време поминато во игра.