30.05.2022

Басконија направи уште еден „брејк“, и оди во полуфинале на мегдан со Реал Мадрид

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Крај на сезоната за Валенсија, со „десетка“ од Димитријевиќ

Екипата на Валенсија доживеа пораз во „мајсторката“ од четвртфиналето на шпанскиот плеј-оф откако на домашен терен загуби од Басконија.

По трет пат во оваа серија, гостите ја однесоа победата, но во два наврати, тоа го направија кошаркарите на Басконија. По втор пат за кратко време, славеа во „Фонтета“, сега дури и мошне убедливо, со (76:59) доволно со (2-1) да ја затворат оваа серија и да се пласираат во полуфиналето каде ги чека серија со Реал Мадрид.  

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра речиси 23 минути и за тој период постигна десет поени (беше втор стрелец во својот тим), плус два скока и три асистенција.

Со ова, за Валенсија заврши сезоната која и не е така успешна бидејќи тимот беше елиминиран во полуфиналето од Еврокупот и во четвртфиналето од домашното првенство.