20.01.2022

Најдобриот македонски кошаркар за 2021 година продолжи со одлични настапи во романското првенство.

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Магдевски го води Плоешти кон плеј-оф позициите

Екипата на Плоешти стигна до нова побед,а сега на домашен терен, против Галаци со (86:81). Андреј Магдевски уште еднаш беше меѓу најдобрите, и меѓу најзаслужните за победата.

За скоро 32. минути на теренот, македонскиот репрезентативец постигна 14 поени (4/5 за два, 1/2 за три поени и 3/6 од линијата за слободните фрлања), а додаде уште седум асистенции и четири скока. Натпреварот го заврши со индекс 20, втор највисок во тимот, зад Ерл Вотсон кој имаше 22. Ова беше трета победа на Плоешти во последните четири натпревари, за скок на 5. место на табелата.