Холандскиот Донар и Андреј Магдевски поминаа уште една фаза во домашниот Куп.
Екипата од Гронинген на домашен терен убедливо го победи Ден Бош со резултат (72:50) со што ја анулираше негативата од два поена од првиот четвртфинален меч, па во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Леиден.
А на овој натпревар, Магдевски на теренот помина 26 минути на теренот. За тоа време поминато во игра репрезентативниот бек постигна 15 поени, имаше уште и по пет скока и исто толку асистенции како и три освоени топки.
Инаку, полуфиналните дуели во Купот на Холандија ќе се играат на 20. и 22. јануари, а Гронинген е домаќин на првиот натпревар.
Втората полуфинална двојка во ова натпреварување ја сочинуваат Феенорд и Цволе.
* Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ одигра уште еден добар натпревар во дресот на Борац Бања Лука.
Во првенството на БиХ, а на гостувањето кај Слобода, неговиот тим славеше со убедливи (88:69), а нашиот репрезентативен центар биеше максимално од сите позиции.
За 17 минути на теренот, Симиќ постигна 12 поени (1/1 за три, 3/3 за два, и 3/3 од линијата за слободни фрлања), додаде и четири скока за вкупен индекс 15.