Екипата на Плоешти ја оствари десеттата победа во романското првенство откако беше подобар противник од Стеауа од Букурешт, славеше со (84:79).
Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, повторно беше еден од најдобрите на теренот. За 23 минути во игра постигна 18 поени, а имаше и шест асистенции, за индекс 20.
По 21 одигран натпревар, Плоешти се наоѓа на деветтата позиција на табелата со биланс 10/11, а првите осум екипи обезбедуваат пласман во плеј-офот.
*Тешкиот распоред во оваа седмица кошаркарите на Валенсија го отворија со дуелот на домашен терен, против Манреса. Во меч од 23. коло, „портокаловите“ славеа тешка победа (90:85).
Ненад Димитријевиќ доби „активен одмор“ од тренерот Пењарола, ако се земе в предвид дека веќе утре ги чека дуел со Умана Венеција, кој е дел од 15. коло од Еврокупот, а викендов уште еден меч од шпанската „Ендеса“ лига, против Сарагоса.
Одигра нешто повеќе од десет минути македонскиот репрезентативец. Реализираше три поени, го погоди единствениот обид за три поени, а имаше и една асистенција за тоа кратко време во игра.
Со скор (14-8), Валенсија е на делба на 4. позиција на табелата во најсилната европска лига.