Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски го одигра последниот натпревар во тимот на Плоешти за оваа натпреварувачка сезона.
На разделбата, репрезентативниот бек покажа зошто оваа сезона беше еден од водечките играчи на романскиот прволигаш.
За 27. минути поминати на теренот, тој беше најефикасен играч на натпреварот. Заврши со 24.реализирани поени на кои придодаде уште и три скока и две асистенции во победата на гостувањето кај Сибиу (93:88).
За жал, Плоешти не успеа да се пласира во плеј-офот и сезоната ја завршува со биланс од 13. победи и 17. порази.
*Џејкоб Вајли беше еден од најзаслужните играчи на Реал Бетис во особено важната победа на гостински терен кај Манреса (102:96) во 32. коло од „Ендеса“ лигата во Шпанија.
Силното крило на нашиот национален тим, за 15:20 минути во игра, реализираше десет поени со одлична реализација (5/6 за два поени).
Имаше и пет скока (два офанзивни) со кои даде голем придонес во десеттата победа, четвртта во последните пет натпревари за екипата од Севиља, која се израмни со Фуенлабрада на 14. место на табелата.
Двете екипи имаат по десет победи, зад нив со победа помалку остануваат Сан Пабло Бургос и Морабанк Aндора (9-21), кои имаат и еден натпревар помалку.