Андреј Магдевски не беше во можност да заигра поради административни проблеми, поврзани со работната виза во Романија, па последен пат настапи пред репрезентативната пауза. Без него во составот, Плоешти претрпе пет порази во низа и падна дури на 13. позиција на табелата.
А кога се врати на теренот, мораше да игра натпревар во кој имаше дури три подолженија, а по кои неговиот тим загуби од Динамо од Букурешт со резултат (109:111).
Репрезентативниот плејмејкер одигра дури 41 минута и постигна 20 поени (втор стрелец во својот тим), плус шест скока, три украдени топки и две асистенции. Имаше одличен шут од игра (7/7 за два и 2/6 за три поени) и оствари индекс 26, највисок кај Плоешти.