04.04.2022 За 31 минута во игра на средбата со Динамо од Букурешт, нашиот репрезентативец постигна 12 поени, имаше и 12. асистенции и пет скока. Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски одигра уште еден извонреден натпревар во романското првенство, но неговиот тим доживеа пораз од директниот ривал за место во плеј-офот. На домашен терен, Плоешти загуби од Динамо Букурешт со (73:75) А Магдевски помина речиси 31 минута, период во кој реализираше 12. Поени, дополнети со 12 асистенции и 5 скока. И во првиот меѓусебен дуел оваа сезона Плоешти доживеа минимален пораз, тогаш по продолжение, со 109:111, па сега трката з аплеј-офот е уште пожестока.