13.04.2022 По поразот на гостувањето кај Питешти со (57:80), екипата на Плоешти е уште еден чекор подалеку од пласманот во плеј-офот А македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски, повторно беше на своето ниво. Мешот го заврши како најдобар стрелец и скокач во својот тим. Реализираше 17 поени (2/4 за три, 4/8 за два поени, а од линијата за слободни фрлања 6/13), а имаше и седум скока, за 30.минути во игра. По овој пораз, шансите на Плоешти за пласман во плеј-офот се сведени на минимум бидејќи на две кола пред крајот на основниот дел, Магдевски и соиграчите заостануваат еден бод зад осмопласираниот Динамо Букурешт, и тоа со натпревар повеќе.