Плоешти го одигра најинтересниот натпревар во првото коло од шампионатот на Романија откако по продолжение го победи Галати на гостински терен со (80:78).
Андреј Магдевски одигра 40 минути, и иако не се истакна на реализаторски план, надополни во свој стил: со максимална борбеност и со одлични бројки во другите статистички категории.
Постигна два поена, но оствари уште седум скока, четири асистенции и пет украдени топки. Со седумте скока беше втор во својата екипа зад Ерл Вотсон кој оствари 11, а со четирите асистенции најдобар додавач.
Во второто коло Плоешти ќе го одигра и првиот меч на домашен терен, против Рапид од Букурешт.
* Ненад Димитријевиќ одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Валенсија. Неговиот тим триумфираше на гостувањето кај Сарагоса со (76:70) и дојде до втората победа во сезоната, а плејмејкерот заврши како втор стрелец кај Валенсија. За нецели 24 минути на теренот, Димитријевиќ постигна 16 поени, доволно за индекс 17.