20.03.2023 Но, неговиот нов клуб испушти висока предност во последната четвртина од дуелот со Сплит Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ имаше одлично деби за екипата на Задар. Но за жал не успеа да го круниса со успех, затоа што Задар загуби во дербито од првото коло од „Лигата за првак“ на Хрватска, од Сплит со минимални (83:84) На премиерата пред задарската публика, македонскиот репрезентативец помина 24 минути на теренот. Беше трет стрелец откако реализираше 15 поени (6/7 за два, 1/3 за три поени). Додаде уште четири скока и една асистенција за индекс 17.