28.03.2022

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ одигра извонредно и на последниот натпревар од турнирот на јуниорската Евролига во Патра.

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Настапите во Патра, Теодор Симиќ ги заврши со рекордни, за него, 27 реализации!

Но втора вечер по ред немаше помош од соиграчите, па Барселона загуби од Ол стар тимот со (68:88).

За 33 минути поминати на теренот, Симиќ постигна 27 поени (10/19 за два, 1/5 за три, 4/4 од линијата за слободни фрлања). На тоа додаде и шест скока и две асистенции за индекс 24.

Со тоа постави нов личен рекорд според бројот на постигнати поени кој досега му изнесуваше 20, а го реализираше пред два дена, против Олимпијакос.

На овој меч, нашиот кошаркар беше лидер на својот тим во дури пет статистички категории: индекс, постигнати поени, вкупен број скокови, офанзивни скокови и процент на уфрлени слободни фрлања.

Барселона на турнирот во Патра го освои четвртото место, но уште не се загубени шансите за пласман во завршницата од јуниорската Евролига бидејќи три екипи ќе добијат специјални покани.