20.01.2023

Нашата најдобра кошаркарка за 2022 година имаше 16.поени и 8.скока во првата победа за новиот клуб

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Одлично деби за Стојановска во дресот на Маристас

Одличен почеток за Алекcандра Стојановска во дресот на новиот клуб Маристас Коруња. И што е исто така важно, победа во натпреварот против Картегада (58:54), вкупно четвртта за екипата во која до почетокот на оваа календарска година настапува нашата најдобра кошаркарка за 2022 година.

Нашиот репрезентативен бек средбата ја заврши со одличен ефект, изразен со реализација на 16.поени (1/4 за три, 5/13 за два и 3/3 за еден поен), осум скока, две освоени и три загубени топки за 28.минути поминати во игра.  

*Нов трипл-дабл ефект запиша капитенот на нашата женска сениорска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ во еден натпревар од WABA лигата.

Митрашиновиќ е во одлична форма, го потврди тоа и на гостувањето и победата против екипата на Лавови од БиХ  со резултат (62:46).

Нашата репрезентативка, вторпат по ред во ова натпреварување, оствари трипл-дабл ефект.

Даде скоро половина од поените на својот тим, 27, а додаде уште 11 асистенции и 10 скока за скоро 39 минути во игра. Освен тоа, Митрашиновиќ имаше и четири освоени топки, и индекс 33

 

По две одиграни натпревари од Суперлигата (се пренесуваат бодовите од првата фаза), Монтана се наоѓа на четвртата позиција во ВАБА лигата со биланс од пет победи и три порази.