04.05.2022

Валенсија не доби можност да се бори за петтата титула во Еврокупот, загуби на домашен терен од Виртус со (73:83).

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Петрески не го дочека Димитријевиќ во големото финале на Еврокупот

За жал, нема да има „македонско“ финале во Еврокупот. „Виновници“ се кошаркарите на Валенсија, кои во полуфиналето, на домашен терен загубија од Виртус Болоња (73:83), и на тој начин ненад Димитријевиќ нема да биде дел од финалнито меч кој претходно го об4збеди и екипата на Бурсаспор во чиј стручен штаб е нашиот тренер Мирко Петрески.  

На средбата во преполната „Фонтета“, Ненад Димитријевиќ одигра само десет минути. Притоа постигна шест поени, имаше и исто толку асистенции, плус и еден скок.

Поразот на Валенсија значи дека во финалето нема да се сретнат Мирко Петрески и Димитријевиќ. Односно дека за титулата ќе играат Виртус и Бурсаспор.

Мечот се игра на 11. мај во Болоња, а победникот има директно место во Евролигата идната сезона 2022/2023.