10.10.2021

Македонскиот репрезент во АЦБ лигата реализираше 12.поени, имаше и четири асистенции за 24.минути на теренот во поразот (79:93)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Реал Мадрид пресилен за Димитријевиќ и неговата Валенсија

Ненад Димитријевиќ го одигра своето прво големо дерби како играч на Валенсија. Вечерва, во „Фонтета“ гостуваше големиот Реал Мадрид.

Нашиот интернационалец не беше во почетната петорка на „портокаловите“. Откако влезе во игра, стигна до бројка од седум реализации. (1/1 за три и 2/7 за два поени и една асистенција. Но на полувремето водеа гостите од Мадрид (42:39).

До крајот на дерби дуелот во Валенсија, Димитријевиќ имаше сосема солидни 12. поени (3/10 за два и 2/3 за три поени) и четири успешни додавања. „Кралскиот“ клуб стигна до повеќе од убедлив триумф (93:79)

* Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски продолжува со одличните игри во дресот на романскиот Плоешти.

По „трипл-дабл“ ефектот кој го имаше во изминатото коло од шампионатот на Романија, вечерва, репрезентативниот бек одигра нова солидна партија во убедливата гостинска победа над Мијеркуреја Чук (89:63).

Магдевски одигра нецели 22 минути на овој меч. Постигна осум поени, надополнети со четири скока и три асистенции. Доволно за трета победа во серија, и делба на првата позиција заедно со екипата на Питешти.