15.03.2023 Телеком Бон ја совлада Манреса, и го запечати првото место во групата во ФИБА Лигата на шампионите, дабл-дабл за нашиот репрезентативец Германскиот прволигаш Телеком Бон како првопласиран во својата група ќе оди во четвртфиналето од ФИБА Лигата на Шампиони. И што е исто така важно, ќе ја има предноста која ја носи играњето на домашен терен во евентуалната „мајсторка“. Бундеслигашот ја совлада шпанската Манреса со сигурни (85:75) за 11. победа во низа во ова натпреварување, а уште еднаш свој „печат“ на новиот триумф даде и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шпртс. Плејмејкерот на нашиот национален тим оствари дабл дабл, изразен со реализација на 13 поени и 10 асистенции, а освен тоа додаде шест скока за 31 минута во игра. Телеком Бон е единствен непоразен во својата група и една од само двете екипи во Лигата на шампионите кои се со максимален ефект во ТОП 16 фазата.