Реал Бетис ја победи Фуенлабрада со убедливи (99:83) и конечно се тргна од дното на табелата во АЦБ лигата.
Она то е многу поважно од оваа победа, е фактот дека македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли одигра одличен натпревар и беше меѓу најзаслужните за триумфот. Втор во низа, доволне за големо задоволство во редовите за „зелено-белите“, кои во првите 16 натпревари од оваа сезона имаа само три победи. Сега со доаѓањето на Вајли, на само два меча, остварија две победи и првпат се наоѓаа во една макар и мини триумфална серија.
За 20 минути на теренот, силното крило на нашиот национален тим постигна 15 поени (7/9 за два, 1/2 од линијата за слободни фрлања) на кои додаде три скока и една асистенција за вкупен индекс 17.
Во викендот што доаѓа, пред Реал Бетис е исклучително тешка задача, гостување кај шампионот од 2020 година - Басконија.