17.01.2022

Тимот на нашиот репрезентативец слави победа против Сибиу (89:81)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: „Седумка“ за Магдевски, шеста победа за Плоешти

Екипата на Плоешти запиша уште една победа во шампионатот на Романија. На свој терен совладана е екипата на Сибиу со резултат (89:81).

А Андреј Магдевски одигра уште еден солиден натпревар за екипата од Плоешти. Македонскиот репрезентативец реализираше седум поени, а освен тоа имаше и по четири скока и исто толку успешни додавања за 20.минути поминати во игра.

Ова беше шеста победа за Плоешти во 15 одиграни кола, која ги става на 9. место на табелата.