19.04.2023

Екипата на Телеком Бон ќе биде учесник на завршниот турнир, во „мајсторката“ го победи Стразбур (83:77).

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Шортс го однесе Телеком Бон на „фајнал-фор“ турнирот во ФИБА Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот тим, Телеком Бон ќе играат на завршниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите, откако во третиот и решавачки натпревар од четвртфиналната серија го победија францускиот Стразбур со (83:77).

И со вкупни (2-1) се пласираа на завршниот турнир од најквалитентото натпреваруавње на ФИБА.

А американскиот племејкер со македонски пасош одигра уште еден добар натпревар. За 30. минути во игра, постигна 24 поени,макар што половина од нив беа од линијата за слободни фрлања (12/13).

Со овој триумф, бундеслигашот доби шанса да се бори за својот прв меѓународен трофеј во 31. годишното постоење на клубот.

Пласманот на „Фајнал-фор“ турнирот е најголем успех досега на меѓународна сцена. Завршниот турнир ќе се одржи од 12 до 14.мај, а домаќинот ќе биде одреден дополнително, откако ќе бидат познати сите четири учесници.

Во полуфиналето, Телеком Бон ќе игра со подобриот од „мајсторката“ меѓу Хапоел Ерусалим и АЕК.