13.02.2022

Ненад Димитријевиќ мина само пет минути на теренот во убедливиот пораз на Валенсија на гостувањето кај Бреоган (82:99)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Скратена минутажа за Димитријевиќ

За прв пат откако летово потпиша повеќегодишне договор со Валенсија, Ненад Димитријевиќ имаше крајно намален број на минути во игра.

Само пет одигра македонскиот интернационалец на гостувањето кај Бреоган, кој „портокаловите“ го загубија со изненадувачки убедливи (82:99).

Македонскиот бек настапи само во последните минути од натпреварот. Логично, имаше минорен ефект. Реализираше два поени (0/2 за три, и 1/2 за два поени), без ниту еден скок или асистенција.

И покрај поразот, Валенсија остана на четвртото место на табелата со 24 освоени бода. Или четири помалку, но и две средби помалку од третопласираната Манреса.