06.03.2023

Македонскиот репрезентативец одигра добар натпревар против Естела

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: „Тринаесеттка“ на Ѓуроски, недоволно за конечен успех на Оуренсе

Стојан Ѓуроски беше втор стрелец за својот Оуренсе со 13 поени, плус додаде 2 асистенции., но на крајот, тоа не беше доволно за конечен успех. Домаќините го добија овој израмент меч со (75:69).

Оуренсе има учинок (6-16), а во наредната рунда ја дочекува Мелилја, еден од поранешните клубови на нашето репрезентативно крило.

*Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски одигра еден од своите најдобри натпревари во дресот на Донар Гронинген, но неговиот ефект не беше доволен за победа на стартот од Златната лига во BNXT (се спојуваат најдобрите пет од Белгија и од Холандија).

Во првото коло, Донар загуби на гостувањето кај еден од најдобрите белгиски тимови Антверп Џајантс со (81:88). А нашиот репрезентатовен бек постигна 15 поени и беше најефикасен во тимот од Гронинген. Освен тоа, додаде уште и седум асистенции, имаше и по два скока и две украдени топки.