16.02.2022

По продолжение од пет минути, победа на гостински терен против Монбус Обрадоиро (93:86)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Уште еден триумф за Вајли и Реал Бетис, трет во четирите последни натпревари

Многу висока енергија во тимот на Реал Бетис донесе Џејкоб Вајли од почетокот на февруари. Во четири одиграни натпревари, тимот од Севиља стигна и до третата победа, која ги „вади“ од долниот дел на табелата во АЦБ лигата. На гостувањето кај Монбус Обрадоиро, „зелено-белите“ славеа исклучително важен триумф од (93:86).

Силното крило на нашиот национален тим одигра нешто повеќе од 20.минути во кои реализираше четири поени и еден скок.

По 20. одиграни натпревари, а пред почетокот на „Купот на кралот“, Бетис има скор (6-14), со кој се доближи на само една победа зад Монбус Обрадоиро, Морабанк Андора и Сарагоса (сите со ефект од седум победи).