Репрезентативното крило имаше десет поени и осум скока на гостувањето во „Блауграна“
Последнопласираната екипа во „Ендеса“ лигата, Реал Бетис, не успеа во обидот да го изненади првиот на табелата, Барселона.
Славеа каталонците со убедливи (83:63) за оддржување на чекорот со Реал Мадрид.
Џејкоб Вајли, како стартер во екипата од Севиља, беше блиску до дабл-дабл ефект. За нецели 28.минути реализираше десет поени (5/11 за два поени), плус и осум скока и една блокада за тоа време во игра.
Реал Бетис останува на последната позиција на табелата во најквалитетната лига во Европа.