Екипата на Будуќност приреди големо изненадување во второто коло од Еврокупот, совладувајќи го можеби најголемиот фаворит за трофејот во ова натпреварување Валенсија со (71:70).
Шпанците доминираа речиси во сите 40 минути, имаа и +10 во втората четвртина (38-28), а најголемата предност на домаќините изнесуваше три поени и тоа во првиот квартал (12-9). Од почетокот на вториот период до 22 секунди пред крајот, постојано водеше Валенсија, но не издржа до крајот и остана без победа.
Клучниот кош го постигна Џастин Кобс за водство од 70-69, во следниот напад Дубљевиќ ја загуби топката и тоа беше знак за експлозија во Морача во која беа присутни 2.300 гледачи.
За нас, натпреварот беше важен поради дуелот на македонските репрезентативци Џејкоб Вајли и Ненад Димитријевиќ. Играчот на Будуќност за 15 минути постигна 8 поени и 8 скока, а Димитријевиќ за 10 минути постигна два поена.