26.04.2022

Екипата од Севиља ја прекина серијата од три победи, заостана два поени зад Реал Мадрид (69:71)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Вајли и Бетис не ги соборија „кралевите“

Џејкоб Вајли и неговиот нов тим Реал Бетис испуштија навистина ретка можност, да го победат славниот Реал Мадрид.

Беа блиску до тоа, особено ако се земе в предвид дека на полувремето од овој натпревар имаа повеќе од убедливи (36:27). Но „зелено-белите“ не го издржа притисокот, и потклекнаа во самиот финиш на овој драматичен меч во кој „кралскиот клуб“ го освои бодовите со минимален триумф од (71:69).

Џејкоб Вајли одигра еден сосема коректен натпревар против големиот фаворит. За нешто повеќе од 20.минути реализираше десет поени (5/8 за два поени), три скока, една асистенција и блокада за тоа време во игра.

По 30 одиграни кола, екипата од Севиља е сеуште во зоната на испаѓање. Ско скор (9-21), ја дели 16.позиција на табелата заедно со екипите на Сан Пабло Бургос и Морабанк Андора.

*Затоа пак со победата над Фуенлабрада (97:79), кошаркарите на Валенсија обезбедија место во плеј-офот во „Ендеса“ лигата. Сега се на ефект (20-10) недостижно за екипата на Мурсија која е на деветтото место со ефект (15-15).

Ненад Димитријевиќ одигра 20:30 минути на овој меч на кој реализираше пет поени (1/2 за три и 1/1 за два поени), четири асистенции и два скока за тоа време во игра.