03.11.2021

Будуќност слави голема победа над топ-фаворитот (86:82), девет поени и пет скока за нашиот репрезентативец

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Вајли и Будуќност го шокираа фаворитот, Виртус Болоња

Подгоричка Будуќност, екипа за која во оваа сезона настапува македонскиот репрезентативец Џејокб Вајли, стигна до уште еден триумф во Еврокупот. Трет по ред на отварањето на сезоната во второто, според квалитет, натпреварување во европската клупска кошарка.

Пред својата публика во салата „Морача“ го шокираа еден од најголемите фаворити за трофејот, екипата на Виртус Болоња. Со голем пресврт во последниот период, славеше тимот на Александар Џикиќ со (86:82).

Џејкоб Вајли се најде во стартните пет во домашната екипа. Повторно не доби голема минутажа. За оние нешто повеќе од 16.минути на теренот, силното крило реализираше солидни девет поени (4/6 за два и1/2 за еден поен). Имаше и пет скока, како и по една асистенција, осоена односно загубена топка.

По три одиграни кола, Будуќност е една од трите екипи покрај Партизан од Белград и Локомотив Кубан со максимален ефект – три победи.