24.10.2021

Славеа мошне важна победа против Цедевита Олимпија (84:79)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Вајли и Будуќност ја освоија Љубљана

Подгоричка Будуќност и нашиот репрезентативец Џејкоб Вајли продолжуваат со победите и во АБА лигата.

Вечерва во Љубљана ,стигнаа до особено важна победа во дерби дуелот на 5. коло од АБА лигата, против Цедевита Олимпија со (84:79).

За скор (4-1) и делба на позицијата број 2 во регионалното натпреварување, заедно со екипите на Црвена Ѕвезда и ФМП (лидер е Партизан со максимален ефект (5-0).

На оваа средба Вајли се стави во служба на колективот. Како стартер во гостинската екипа, силното крило одигра 16:42 минути во кои реализираше ефект од четири поени (2/5 за два поени), шест скока и една асистенција.