16.10.2021

Нашиот репрезентативец не доби голем „простор“ од тренерот Џикиќ, но слави победа над големиот ривал (81:68)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Вајли и Будуќност подобри од Бајиќ и Игокеа

Радост за Џејкоб Вајли и Будуќност по вечерашниот дерби дуел од 4. коло од АБА лигата против екипата на Игокеа.

Прославија многу важна победа против тимот кој со голем успех го предводи актуелниот македонски селектор Драган Бајиќ.

А некогашниот македонски селектор, сега тренер на Будуќност, Александар Џикиќ, не му даде преголем број на минути на нашиот репрезентативец.

Вајли одигра нешто повеќе од десет, во кои стигна да шутне само еднаш кон противничкиот кош. Имаше и четири скока, и свој придонес во дефанзивниот сегмент од играта во дербито по кое тимот од Подгорица сега фаќа приклучок кон врвот има ефект од три победи и еден пораз.