13.02.2022

Но Реал Бетис загуби убедливо (72:93) од евролигашот...

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Вајли ја „фаќа“ репрезентативната форма, испорача 24 поени на Басконија

Полека но сигурно Џејкоб Вајли ја надмина оној празен период во сезоната условен со заминувањето од редовите на Будуќнот од Подгорица, и скориот потпис на договорот со Реал Бетис.

И многу брзо покажа дека ќе биде главен фактор за „зелено-белите“ во битката за опстанок во најсилната европска лига.

По двете добри игри и двете победи за тимот од Севиља, денеска Џејкоб Вајли го одигра својот најдоба натпревар како играч на Реал Бетис. На гостувањето кај Басконија (пораз од 72:93), силното крило на нашиот национален тим бее најдобар стрелец (заедно со Пасекнис).

Постигна 24.поени, со извонредна реализацција во шутот од поле (12/14 за два поени), кои ги дополни со три скока и една блокада. И тоа за сано 21:39 минути поминати на теренот на Арената „Фернандо Буеса“ во басконија.  

Најава плус дека е максимално подготвен за она што следува, следните квалификациски натпревари за пласман на Светкиот Куп во 2023 година, против репрезентацијата на Грузија, на 24 февруари во Тбилиси и три дена подоцна во Скопје.