30.01.2022

Нашиот бек имаше и четири успешни додавања во минималниот триумф (80:78)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Валенсија го освои Тенерифе, со „десетка“ од Димитријевиќ

Екипата на Валенсија полека ја крева формата во пресрет на завршницата од „Копа дел Реј“. Стигна до четвртата победа по ред во шпанското првенство, а осма сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува оваа сезона.

Тимот на Ненад Димитријевиќ славеше на гостувањето кај Тенерифе со (80:78) Нашиот кошаркар одигра нешто помалку од 25 минути. И за тоа време постигна десет поени (5/7 за два поени), плус четири асистенции и еден скок.

Валенсија има тежок распоред во следните две недели. Во вторник гостува кај Гран Канарија во рамките на Еврокупот, потоа во „Ендеса “ лигата игра со на Реал во Мадрид. Го пречекува Виртус, потоа гостува на Бреоган...