05.03.2022

На домашен терен „портокаловите“ ги покорија каталонците (86:76), со одлична игра на Ненад Димитријевиќ

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Валенсија го зема скалпот на Барса

Кошаркарите на Валенсија брзо заборавија на неуспехот во натпреварите од „Копа Дел Реј“ (беа елиминирани во четвртфиналето).

И тоа на каков начин, со победа над големата Барселона (86:76). И што е поважно за нас, со одлично издание на повратникот во нашата сениорска селекција, Ненад Димитријевиќ.

Бекот на Валенсија стигна до одлични бројки за периодот од 27.минути кои ги помина на теренот во „Фонтета“.

Реализирапе 17.поени (5/9 за два и 6/6 за еден поен), на кои придодаде и одлични седум асистенции и четири скока за тоа време во игра. За најголем индекс на корисност – 20, во победничката екипа.

По овој 20. круг од натпреварите во „Ендеса“ лигата, сега Валенсија има ефект  од 13.победи и 7.порази, со кој според бројот на поразите е на делба на позицијата број 3.