15.03.2023

Во последниот меч од сезоната, 11 поени и 3 скока за македонскиот репрезентативец

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Заврши сезоната за Андреј Јакимовски

Вашингтон Стејт Универзитетот доживеа пораз уште на стартот на National Invitational Tournament (NIT), утешното натпреварување за екипите кои испаднаа од НЦАА плејофот.

 

Во дуелот со Источен Вашингтон, Кугарс загубија со (74:81). Пораз што означува и крај на сезоната за оваа екипа, со неа и на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.

Нашето репрезентативно крило беше 33 минути на теренот, и за тој период поминат во игра постигна 11 поени, вклучувајќи три тројки, а имаше и три скока.