30.03.2022

Вашингтон Стејт загуби од Тексас A-M со убедливи (56:72) во полуфиналната средба од NIT шампионатот

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Заврши сезоната за Јакимовски, „Кугарс“ застанаа во полуфиналето

Вашингтон Стејт Универзитет доживеа пораз во полуфиналето од NIT шампионатот што се одржува во Медисон Сквер Гарден и со тоа ја заврши оваа сезона која беше исклучително успешна.

„Кугарс“ загубија од Тексас А&M со убедливи (56:72), најмногу поради послабата игра во второто полувреме кое му припадна на противникот со (40-30).

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски на теренот во една од најславните арени во светот, помина 15 минути. И за тоа време постигна три поени со шут 1/4 од зад линијата вредна три поени.

Во големото финале, победникот на овој меч, Тексас А&М, ќе игра со Ксавиер кој го победи Сент Бонавентур со (84:77).