10.11.2021 Вашингтон Стејт Универзитет го победи Алкорн со (85:67) во првиот натпревар од новата сезона во НЦАА лигата. „Кугарс“ доминираа во текот на целиот меч и нивниот триумф во ниеден момент не беше доведен во прашање. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски на теренот помина 19 минути. И за тој период постигна девет поени и осум скока, со две погодени тројки од пет шута. Со тројките го отвори натпреварот бидејќи двете ги постигна во првото полувреме, а подоцна испушти шанса да биде двоцифрен на првиот меч бидејќи беше прецизен само еднаш од линијата за слободни фрлања.