24.07.2021

Африканците ни покажаа како треба против Словаците на претквалификациските дуели во Скопје

НАШИ ПРОТИВНИЦИ: Ангола ја разби Словачка

Репрезентацијата на Словачка, еден од нашите противници на претквалификацискиот турнир во Скопје, планиран за периодот од 12. до 18.август, го запиша и вториот пораз во подготвителниот период.

По неуспехот против Португалија, најдобрата словачка селекција „падна“ и пред репрезентацијата на Ангола.

На турнирот во Порто, африканскиот состав славеше до повеќе од убедливи (86:59). А пресудна на овој контролен меч била втората четвртина во која Ангола направила предност од (26:10). За недостижни (55:29) на полувремето.

Поените за Словачка на овој натпревар: Бродзијански 11, Фушек 8, Ихринг 6, Маловец 5, Крајчовиќ 3 (стартери), Рожанек 9, Мајерчак 7, Абрхам 5, Петраш 4, Корнер 3, Мокран 0, Пленик 0 (резерви)