19.07.2021

На вториот меч во Даблин, Словаците победија со (85:76)

НАШИ ПРОТИВНИЦИ: И втора победа на Словачка против Ирска

Сениорската репрезентација на Словачка, еден од нашите противници на ФИБА претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година, го одигра и вториот контролен натпревар во периодот на подготовките.

На вториот меч одигран во Даблин, Словачка беше уште еднаш подобра од Ирска, сега со уште поубедливи (85:76).

Клучната предност гостите ја реализирале уште во првиот период кој го решиле во своја корист со (22:13).

Слично како и на првата проверка, Владимир Бродзијански бил прв стрелец во словачката селекција. Kрилото на Хувентуд реализирал 23.поени. А двоен број на поени имале уште четворица кошаркари, Ихринг и Крајцовиќ по 12, а Фушек и Паленик по 10.

По ова гостување, Словачка патува за Порто, каде на 21. и на 22. јули ќе игра против Португалија, односно Ангола.