23.07.2021

Подобри од нив на турнирот во Порто беа кошаркарите на Португалија (75:70)

НАШИ ПРОТИВНИЦИ: Прв пораз на Словачка

Селекцијата на Словачка, еден од нашите противници на претквалификацискиот турнир во Скопје, го одигра третиот меч во периодот на подготовките.

И го забележаа првиот пораз...

На гостувањето во Порто, загубија од домашната селекција на Португалија со резултат (70:75). Во гостинската екипа, Ихринг реализирал 16, Бродзијански 14, а Фушек уште 12.поени.

Селекцијата која во овој циклус ја предводи Русинот Олег Мелешченко, на ова гостување ќе игра и против репрезентацијата на Ангола.