01.08.2021

На втората проверка во Нион, „часовничарите“ беа многу подобри од Португалија (72:56).

НАШИ ПРОТИВНИЦИ: Прва победа за Швајцарија во подготвителниот период

Селекцијата на Швајцaрија, едeн од нашите два ривали во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023, стигна до првата победа во подготвителниот период.

На вториот меч одигран во Нион, Швајцарците остварија убедлив триунф над Португалија (72:56), и им се реваншираа за поразот во првиот меч, одигран, исто така, во Нион.

На оваа средба, Швајцарија имала стартни (15-1), но гостите од Португалија возратиле со уште подобри (16:0) за тој прв период го добијат домашните со (17:16). Слично било и на полувремето (30:29), а победникот практично бил решен во третата четвртина кој домашната селекција ја добила со уверливи (25:11).

Поените за Швајцарија на овој втор меч ги реализираа: Нзеге 8, Казади 2, Фофана 9, Козиќ 5, Ковач 16, Ле Сан 0, Рочак 12, Гравет 0, Дубас 9, Зин 3, Јуркович 8

Инаку, двете екипи ќе играат меѓу себе и на 5. август, на турнирот во Португалија, каде ќе биде и селекцијата на Зелено'ртски Острови. Ден порано ќе играат токму Швајцарија и Брегот на Зелено'ртски Острови.