26.07.2021

Победа од (85:66) оствари селекцијата од Балтикот во проверката со нашиот ривал во претквалификациите

НАШИ ПРОТИВНИЦИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ: Летонија посилна од Швајцарија

Прва контролна средба имаше селекцијата на Швајцарија во периодот на подготовките за учество на претквалификацискиот ФИБА „балон“ во Скопје (12-18 . август).

На првата проверка во Валмиера, подобра од нив беше селекцијата на Летонија. Славеше со убедливи (85:66).

Но до триумфот летонските кошаркари дошле дури во последниот период од „контролата“ кој го добиле со високи (23-9).

Роберто Ковач со 15.поени бил прв стрелец во селекцијата на Швајцарија а двоцифрен број на поени постигнале уште Рочак (12), и Казади – 10.