15.02.2021

По скоро седумчасовно патување, со попатно застанување во Череповец, нашиот сениорски национален тим пристигна во градот под Урал.

Нашиот национален тим пристигна во Перм

Откако на аеродромот во Череповец „потрошија“ час и половина за дополнување на гориво, но и за средување на оној административен дел од патувањето (проверка на влезните визи за Русија) „црвено-жолтите“ имаа уште едно полетување, но сега кон крајната дестинација – Перм.

По час и половина летање, и кратко задржувае на аеродромот во градот под Урал, и автобускиот превоз, нашата експедиција се смести во хотелот „New Star“.

Таму ќе биде се до 23.февруари, односно до завршувањето на т.н. „балон“ на ФИБА. Последниот турнир од квалификациите од групата „Б“ за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2022 година.