Добрите игри на нашиот женски национален тим во „балонот“ во Рига во изминатиот месец, донесоа и одреден, и слободно може да се каже - висок скок, на оваа наша селекција на светската рејтинг листа на ФИБА.
Македонија е една од петте земји во светот, заедно со Финска, Бугарија, Узбекистан и Естонија, кои во најновото рангирање на ФИБА направиле најголема прогресија.
Според денешното рангирање на Светската кошаркарска федерација, нашиот женски национален тим е на 73. место во светското рангирање, или шест позиции погоре во однос на мартовскиот рејтинг во оваа 2020 година.

Освен тоа, гледано од аспект на онаа „европска зона“ на ФИБА, оваа наша репрезентација со 85.4 поени е поставена на 38. место во вкупниот европски поредок во женска конкуренција.
Неприкосновена на врвот е репрезентацијата на САД со 832.9 поени, пред Австралија со 714.5 и Шпанија која има 691.9 е и најдоброрангираната европска селекција во светскиот поредок за крајот на 2020 година.
Комплетната ФИБА листа за декември, 2020 година, на следниот ЛИНК