08.06.2023

Во наредните неколку дена, следува учество на собирот во Призрен како дел од проектот на ФИБА „Заедно до 16“

Нашите селекции „Под 14“ на турнир во Косово

Од денеска, па во наредните пет дена, двете наши национални селекции „Под 14“ години ќе го стартуваат вториот дел од проектот „Заедно до 16“.

Втора станица од овој проект на ФИБА во кој е вклучена и нашата федерација, по оној пред извесен период во Софија, ќе биде реализиран во Призрен (Косово).

А веќе вообичаено, двете наши селекции ќе одиграат по четири натпревари со соодветните селекции на Турција, Бугарија, Романија, и домаќинот на овој собир, селекциите на Косово.

Токму селекциите на Косово ќе бидат ривали на нашите млади кошаркар(к)и на отворањето на турнирот. Денеска од 13.часот, играат женските селекции, два часа подоцна и машките.

По ден пауза, на 9. јуни, кога нашите тимови се слободни, следуваат мечевите со Турција (10.јуни), потоа на 11. јуни, противниици ни се селекциите на Бугарија, а на последниот ден на турнирот, ќе разигруваме и против националните тимови на Романија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

8.ЈУНИ (ЧЕТВРТОК):

13.00: Косово – Македонија (жени)

15.00: Косово – Македонија (мажи)

17.00: Бугарија – Романија (жени)

19.00: Бугарија – Романија (мажи)

9. ЈУНИ (ПЕТОК):

13.00: Турција – Бугарија (жени)

15.00: Турција – Бугарија (мажи)

17.00: Романија – Косово (жени)

19.00: Романија – Косово (мажи)

10.ЈУНИ (САБОТА):

13.00: Турција – Македонија (жени)

15.00: Турција – Македонија (мажи)

17.00: Бугарија – Косово (жени)

19.00: Бугарија – Косово (мажи)

11. ЈУНИ (НЕДЕЛА):

13.00: Романија – Турција (жени)

15.00: Романија – Турција (мажи)

17.00: Македонија – Бугарија (жени)

19.00: Македонија – Бугарија (мажи)

12.ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК):

09.00: Македонија – Романија (жени)

11.00: Македонија – Романија (мажи)

13.00: Турција – Косово (жени)

15.00: Турција – Косово (мажи)